И пред некој ден ти кажав од говорница, ќе ти повторам пак Министерке!
Никој не може да го извалка Министерството за култура онолку – колку што го валка оној кој е на чело на истото!
Ако не си знаела, Охридско лето е културна манифестација, а не пазар, напиша на својот ФБ профил пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:
Имаше мал милион начини да ја истакнеш културата и културните достигнувања на уметниците, како и она што си го сработила, ако си сработила било што, но сепак избра говор со кој од светски познатиот, реномиран фестивал – направи митинг на СДС! Никој пред тебе не успеал во ова!
И…кога веќе се дрзна да ги задеваш охридските угостители, едно ќе ти кажам: не е твое да ја одредуваш цената на угостителските услуги, туку да си ги седниш во влада и да ги натераш да создаваат услови за целогодишен туризам!
Сама кажуваш дека летната сезона во Охрид не трае долго време, а знаеш дека Охрид може да ја презентира културата 365 дена!
Ако создадевте услови сезоната да трае 365 дена, а не едвај два месеци, сигурно и цените ќе беа поинакви!
Пак ќе ти кажам, во твој стил:
Никој не може да го извалка Министерството за култура онолку – колку што го валка оној кој е на чело на истото!
Ако овие зборови допрат до тебе, ти благодарам!
извор: ФБ Лидија Петкоска