АктуелноОхрид

Aвтобуската постојка за туристи дислоцирана на „Партизанска“

Општина Охрид со известување до тур – оператори и туристички водичи од градов за дислокација на автобуската постојка за туристи.

Aвтобуската постојка за туристи која беше лоцирана на улица „Кузман Јосифоски- Питу“ кај Факултетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од денес (13.07. 2023г.) се дислоцира на улица „Партизанска“ кај студентскиот дом „Никола Карев“ велат од Општина Охрид.

Воедно упатуваат апел до превозниците автобуската постојка да се користи исклучиво за качување и слегување на туристи, а не за паркирање на автобуси.