АктуелноОхрид

Сообраќајка на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, после Заливот на коските, повредени три лица

На 12.07.2023 во 16.10 часот, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, помеѓу Заливот на коските и селото Трпејца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 36 годишно лице од селото Трпејца и патничко возило „шкода октавија“ со германски национални ознаки, управувано од 33 годишен Германски државјанин. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „шкода октавија“, 66 годишен маж од Република Србија, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една малолетна сопатничка од возилото „шкода октавија“ констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид