АктуелноОхрид

Сообраќајна несреќа помеѓу с.Требеништа и с.Мешеишта, автомобил излетал од патот – повредени повеќе лица

На 12.07.2023 во 13.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Требеништа и с.Мешеишта, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 47  годишен жител од селото Стрелци, кичевско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле тројцата сопатници  сите од истото село, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид