Со стартот на денешните активности на градскиот фудбалски терен “Билјанини Извори” започнаа финалните подготовки пред одигрувањето на натпреварот од првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал. За потсетување нашиот шампион тимот на Струга Трим Љум ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал со тимот на Литвански Жалгирис. Првиот натпревар ќе се игра на 11 јули кај Жалгирис додека вториот натпревар ќе се игра во Охрид на градскиот стадион “Билјанини Извори” на 18 јули.
„Ние како претпријатие максимално сме посветени во подготовка на фудбалскиот терен за претстојниот натпревар како би овозможиле на фудбалските тимови што подобри услови за играње на фудбал. За да го постигнеме тоа од денес до 19 јули градскиот фудбалски терен нема да може да се користи така што им се заблагодаруваме на соработката и разбирањето на сите наши сегашни фудбалски корисници. ЈП “Билјанини Извори” на нашиот фудбалски шампион им посакува многу успех во квалификациите за Лигата на шампиони во фудбал“, велат од ЈП Билјанини извори.
извор: ЈП Билјанини извори