АктуелноВидеаОхрид

(ВИДЕО) Матурантот од Гимназијата, Кристијан Шишкоски ќе го претставува Охрид и Македонија на Меѓународна олимпијада по физика во Токио

Охриѓанецот Кристијан Шишкоски кој е и првенец на генерација од ОСУ Св. Климент Охридски заедно со уште четворица ученици, е избран да ја претставува Македонија на 53-тата Меѓународна олимпијада по физика која ќе се одржи од 10 до 17 јули 2023 година во Токио, Јапонија. Селекциониот натпревар се одржа на 29.05.2023 година во организација на Друштвото на физичари на Република Македонија каде беа поканети 25 ученици, кои покажале најдобар резултат на државниот натпревар по физика, да земат учество. Според покажаните резултати матурантот Кристијан Шишкоски влезе во групата од петте најдобри ученици кои ќе ја претставуваат нашата земја на претстојната меѓународна олимпијада во Токио.

Кристијан за Охрид 1 отворено зборува за подготовките, но и честа да го претставува Охрид и Македонија на ваква врвна олимпијада.

Шишкоски отворено признава дека целиот досегашен негов успех се должи на огромната поддршка од семејството, но и од наставниот кадар од СУ Св. Климент Охридски, како и градоначалникот и многу пријатели.

Среќно Кристијан на Олимпијадата и уште поголеми успеси во иднина!

извор: Охрид 1