50 години матура!
Некогашните средношколци од економско, генерација 1972/1973, повторно заедно!
Генерацијата 1972/1973, една од многуте генерации кои ја избрале економската струка како нивна професија оваа година одбележа голем јубилеј, половина век од нивното матурирање. Со почит се сеќаваат на нивните професори и класни раководители: Драган Плакоски, Фанче Петкова и Душка Чочороска. И нивни деца и внуци биле или се дел од нашето училиште.
Училишните клупи будат радост, убави спомени, градат пријателства и дружби и после 50 години.
Чест и задовоство е да се споделуваат вакви убави моменти!
За уште многу дружби! Секое добро!
извор: СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид