АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Пецаков: Европеизацијата на Македонија никогаш не била доведена во прашање, само начините, методите и политичките средства како тоа се остварува, биле различни

Во организација на Паневропската Унија на Македонија, денес во кафе барот „Кадмо“, се одржа дебата на тема: „Европеизација на Македонија-дали сме на добар пат“. Свои излагања имаа претседателот на Паневропската Унија на Македонија Андреј Лепавцов, универзитетските професори Љубомир Кекеновски и Марјан Бојаџиев, екс амбасадорот Марјан Ѓорчев, Огнен Цубалевски,менаџер во ОДВ Електрик и Олег Маленко од компанијата Вис Пој од Охрид.

Гостите од името на локалната самоуправа ги поздрави градоначалникот Кирил Пецаков.

– Денешната тема се провлекува низ политичко- општествениот живот на Македонија повеќе децении, а деновиве стана особено актуелна со последните потези што ги влече владата. Претпоставувам дека сите ќе се согласиме, а тоа е политички консензус кој трае –европеизацијата на Македонија никогаш не била доведена во прашање, само начините, методите и политичките средства како тоа се остварува, биле различни.

Благодарност до Паневропската унија на Македонија за реализција на денешната дебата, на која се надевам дека ќе има плодни дискусии, погледи и размислувања, која ќе фрлат нова светлина на европската перспектива за Македонија и ќе покажат дали сме навистина на добар пат – истакна во своето обраќање Пецаков.

Заедничко именител во излагањето на сите панелисти беше дека, на патот за полноправно членство во Европската Унија, грешките се во недоволниот капацитет што го покажавме како држава, но и не секогаш принципиелните и конзистентни ставови на Европа кон нашата земја.