Uncategorized

Охридските пензионери-спортисти , победници на Регионалните спортски натпревари на СЗПМ

На 27-те Регионални спортски натпревари што се одржаа на 17 јуни во Македонски Брод, во организација на Сојузот на здруженијата на пензионери од Македонија, охридските пензионери-спортисти освоија 10 први места и станаа убедливо најуспешна спортска екипа од седумте здруженија учеснички на овие натпревари од четвртиот регион и тоа ЗП Кичево, ЗП Дебар, ЗП Вевчани, ЗП Охрид и Дебарца, ЗП Лабуништа, ЗП Струга и ЗП Македонски Брод.

Натпреварите се одвиваа во единаесет спортски дисциплини во машка и женска конкуренција. Најдобрите екипи и поединци од овие реигионални натпревари ќе учествуваат на Државните пензионерски спортски натпревари што ќе се одржат во месец цептември.

Нашите спортисти -пензионери, освен што беа најуспешни се препознатливи и по својот спортски ду, упорноста, фер плеј и убавата спортска еднобојна опрема -маички , истакнуваат од комисијата за информирање при ЗП Охрид и Дебарца.