АктуелноОхрид

МВР со детали за вчерашната сообраќајка на патот Охрид-Струга, повредени две лица

На 16-ти јуни 2023 година, околу 15:20 часот било пријавено дека во Струга, на регионалниот пат Р1208 се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.

– Во незгодата учествувале патничко моторно возило марка „Опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот З.П. од Охрид и автобус „МАН“ со скопски регистарски ознаки, управуван од страна на 42-годишниот Х.Б. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.П., а со телесни повреди се здобил Х.Б. кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР.

извор: МВР