Кога незнаењето и неспособноста се основни
карактеристики на менаџирањето, интересот
секогаш го надминува разумот, а поигрувањето со народот станува секојдневна забава. Бегајќи од реалноста и уживајќи извесен хедонизам,
Локалното раководство поскапувањето на услугите им го наметна на граѓаните како вообичаен и нормален секојдневен начин на живот. По кој знае кој пат негрижата за охриѓани и злоупотребата на нивните пари се манифестира со уште едно
“Соломонско решение” а тоа е ново поскапување, овој пат на водата за 15% по барање на директорот до Регулаторна комисија, а секако со амин од
Градоначалникот.
Владата на Република Северна Македонија не бираше партиска припадност во екот на кризата кога требаше да помогне и водени од солидарноста и интересот на граѓанинот како единствена цел, Владата субвенционираше и издејствува нова цена
за електрична енергија за сите јавни водоводни претпријатија и тоа 95 eyp mw/h(мегаватчасови) наспроти претходната која изнесуваше 700 eyp за mw/h. Но и ова не им беше доволно на Локалците па секојдневно од страна на менаџерскиот тим на ЈП Водовод слушаме манипулативни искази дека долгот за електрична енергија е причина за нестабилност на претпријатието. Очигледни се извесни потешкотии при менаџерање на претпријатието па директорот и понатака продолжува со недомаќинско работење, воден од секакви интереси само не од оние на граѓаните.
И покрај неколкуте современи решенија за дистрибуирање на водата и намалување на потрошувачката на електрична енергија,
директорот не гледа интерес од решавање на овој горлив проблем. Но затоа, личниот интерес и интересот на локалното ДПМНЕ благовремено и ревносно го задоволува со нови 12 партиски вработувања. И покрај сите негативни показатели, директорот вработува негови комшии и
послушници на ДПМНЕ. Но, зошто ли му се толку блиски и доверливи луѓе останува да видиме. Од друга страна согласно Одлука на Управниот одбор луѓе професионалци, не толку блиски до оваа
локална власт се упатуваат на принудно платено
отсуство -70%.
И додека проблемите и обврските и понатаму растат, концентрирани на партиските вработувања
и задоволувањето на личните интереси, во Годишниот план за работата на ЈП Водовод, освен
активностите препишани од претходните години, не можат да се забележат инвестиции кои сериозно ќе влијаат на намалување на загубата на вода која изнесува скоро 70%.
Директорот, очигледно свесно дозволува неконтролирана злоупотреба на преработената вода за пиење за наводнување на аграрни
површини и паркови во централното градско подраче и дискутабилно поврзување на потрошувачите на сопствени извори на вода, без притоа да бидат целосно исклучени од главната водоводна мрежа. Се доведува ли целиот град во
опасност од последици од пиење нечиста вода на овој начин ?
Верен на Локалното раководство и неговиот принцип на делување, кој исклучиво се базира на поскапување на комуналните услуги, бескрупулозен кон охриѓани и остварувајќи ги личните цели, и покрај помошта од Владата, безидејниот директор, без многу труд, немајќи решенија и излез од оваа ситуација, решил да ја поскапи водата за 15% за
фиксниот надоместок и за измерениот м3 (метар кубен). Со овој неграѓански концепт на делување оптоварувањето врз охриѓани и понатака расте.
Секојдневни дефекти на охридските улици кои траат со денови, секојдневните вработувања на партиски послушници, огромната загуба на вода, селективно сервисирање на добавувачи и адвокати блиски до директорот и Локалното раководство, безидејност за изработка на нови проекти кои директно ќе влијаат на квалитет на услугата и општата состојба на ЈП Водовод се основна причина за лошата финансиска состојба на ова Јавно претпријатие, а не електричната енергија.
Дали граѓаните заслужуваат вакви менаџерски тимови и раководства на кои најлесно им е да удрат по џебот на граѓаните? Дали за жал дојде време во Охрид водата да биде луксуз? Охрид заслужува домаќинлук, а не деструктивност и селективност, стои во соопштението од ОО СДСМ Охрид.
ОО СДСМ : Локалното раководство поскапувањето на услугите им го наметна на граѓаните како вообичаен и нормален секојдневен начин на живот
Редакцијајуни 17, 2023
posted on