Оваа година за прв пат Гимназијата го доделува признанието Првенец на генерацијата од редот на учениците од четврта година. Со големо задоволство објавуваме дека таа чест му припадна на ученикот Кристијан Шишкоски кој од страна на училишната комисија е прогласен за Првенец на генерацијата 2022/23. Покрај позитивните особини како млад човек, сокласник и ученик, во своето четиригодишно образование, Кристијан зеде учество на многубројни натпревари од повеќе области, а сега е актуелно неговото заминување на Меѓународната олимпијада по физика во Токио како дел од националниот тим. Во изборот за оваа награда на училиштето беше рангирана и ученичката Ева Китрозоска. И на двајцата ученици им посакуваме успех во нивното понатамошно школување.