четврток, ноември 28, 2024
Охрид

(ФОТО) Градоначалникот Пецаков оствари средба со делегација од економскиот совет при чешкиот парламент

Денеска ја имав честа да остварам средба со парламентарна делегација од економскиот совет при чешкиот парламент. Делегацијата беше составена од претседателот Михал Кортиш и членовите Ондреј Фебер, Мирослав Плевни и Ростислав Костил. Дел од делегацијата беа и амбасадорот на Република Чешка во Македонија, Н.Е. Јарослав Лудва и конзулот на Република Чешка, Давид Чернохорски. Во склоп на делгацијата беше и претставникот на стопанскиот сектор од Чешка, Михал Вит.
Разговаравме за продлабочување на соработката на повеќе полиња и пренесувања на искуствата. Особено драго ми беше што сите членови на парламентарната делегација претходно обавувале градоначалнички функции.
Средбата ја искористивме за потпишување на меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и „Смарт ФинТехнологиес“. Потписници на меморандумот бевме, јас како градоначални во име на Општина Охрид и Михал Вит од компанијата „Смарт ФинТехнологиес“.
Со меморандумот се опфаќа соработка во понатамошниот развој на „Касарна Хаб“, овозможување пријатна бизнис клима за чешките компании, поддршка во економскиот развој, заедничка поддршка за иновативни бизнис идеи во рамки на „Касарна Хаб“ и поддршка во активирањето на локалната бизнис заедница. Исто така предвидено е со меморандумот да се разменуваат искуства помеѓу охридските компании и компаниите од Чешка.
Сите заеднички се согласивме дека овој конкретен чекор е почеток во продлабочувањето на соработката со Република Чешка.