АктуелноОхрид

СВР приведе лице од општина Чашка, тој претходно од паркиран автомобил одзел паричник и документи

На 24.05.2023 во 02 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 36 годишно лице  од селото Оморани, општина Чашка. Тој, претходно, на улицата „15 корпус“ во Охрид, од паркирано патничко возило „голф“ одзел паричник и документи. Предметите се вратени на сопственикот на возилото, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид