недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

expres.mk: Во јуни ќе започне судењето на адвокатот чие знаме беше поставено на 27 април во Охрид

Во текот на јуни во Охридскиот суд ќе започне судење на адвокатот Тони Менкиновски чие знаме беше поставено на 27 април во Охрид, објави expres.mk.

Извори во охридската полиција тогаш изјавија дека СВР Охрид не гледа причина за поведување на законска постапка за поставување на знамето кое беше истакнато на Долна Порта во знак на поддршка за уставобранителите осудени за 27 Април.

Судењето ќе започне во текот на јуни во судот во Охрид а на него ќе му се суди на адвокатот Тони Менкиноски за нарушување на јавниот ред и мир.

Менкиноски сам се пријавил во СВР Охрид дека е одговорен за поставувањето на знамето со Сонцето од Кутлеш откако СВР Охрид започна да посетува други осомничени.

Адвокатот ја презема целата одговорност за настанот кој не може да биде третиран како нарушување на јавниот ред и мир затоа што од него никој не беше вознемирен или повреден.

 

извор: expres.mk