Со пригодна свеченост Територијалната противпожарна единица од Охрид, го одбележа 20 Мај – Денот на пожарникарите.
Свеченоста традицонално започна со дефиле низ охридските улици, па продолжи со изведување на показна вежба и заврши со прогласување на најдобар пожарникар.
За најдобар пожарникар беше прогласен Митко Аслимоски. Честитки до Митко и до сите вработени во ТППЕ Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Во име на Општина Охрид Денот на пожарникарите им го честиташе заменик градоначалникот Перчо Божиновски.
извор: ФБ Кирил Пецаков