Со дефиле со вклучени сирени по охридските улици и повеќе настани во кругот на објектот, охридските пожарникари денеска свечено го одбележаа Денот на пожарникарите 20-ти мај.
Припадниците на Територијалната противпожарна единица од Охрид, неброено пати до сега докажаа и покажаа дека секогаш се тука кога е најпотребно.
Со показни вежби, доделување благодарници и многу позитивни и корисни насоки и совети за најмладите, кои денеска беа нивни почесни гости, тие уште еднаш го свртија вниманието врз важноста на нивната професија.
фото: ФБ ТППЕ