АктуелноОхрид

Прво регионално младинско првенство во шах „LAKE QUEEN SCHOOL CUP 2023“

Вкупно 115 основци од општините Охрид, Дебарца, Струга и Вевчани беа дел од првото регионално младинско првенство во шах ,,Lake Queen School Cup 2023” што се одржа изминатиов викенд во ПУ „Јахја Кемал“ во Струга. Турнирот се организираше од страна на шаховскиот клуб „Младинска шаховска школа“ од Струга во соработка со шаховскиот клуб „Ласкер“.

Учесниците на настанот ги поздрави заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, а свои обраќања имаа и Јусуф Сахин, директор на ПУ „Јахја Кемал“ и Сурија Таук, член на управниот одбор на Шаховската федерација на Македонија.

Турнирите се играа по Швајцарски систем од 5 кола со темпо на игра 10’05”. Учесниците беа поделени во возразни категории U08 категорија, U10 категорија, U12 категорија и U14 категорија.

 

 

општина Охрид