АктуелноОхрид

Приведен охриѓанец кој агресивно се однесувал и се заканувал на сопственик на угостителски објект

На 03.05.2023 околу 13.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 36 годишен охриѓанец затоа што во угостителски објект во Охрид се однесувал агресивно и се заканувал на сопственикот. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор: СВР Охрид