АктуелноОхрид

На полигонот од поранешната Касарна денеска ќе се одржи хуманитарен настан „Од срце за Бојан Крстески“

На полигонот од поранешната Касарна денеска ќе се одржи хуманитарен настан „Од срце за Бојан Крстески“.

Предвидени се повеќе активности како урбана уметност, пинг понг турнир, шах, јамб, уно, а од 15:00 до 19:00 часот за забавата ќе се погрижи DJ Martino.

На Бојан му е потребна итна трансплантација на црн дроб која треба да се изврши во болница во Рим.

Трошоците до операцијата се огромни, затоа сите хумани граѓани кои се во можност може да донираат средства на следната сметка:
Број на сметка: 210-5017597733-70
Назив на трансакциска сметка: Трансакциска сметка – РЕЗИДЕНТИ
Сопственик: Крстески Бојан.