АктуелноОхрид

Обичаи поврзани со денешниот празник Лазарева сабота

Лазарова сабота е еден од поголемите христијански празници, а оваа година го празнуваме на 08 април, речиси една недела пред големиот христијански празник Велигден.
Во нашата земја овој празник има големо значење и се прославува низ целата земја, а празник слават и личностите со име Лазар, Лазарка, Лазо. Кај нас со овој празник се поврзани многу обичаи и песни, познати како лазарски. Вообичаено девојките се собираат во групи и одат по куќите во населените места, среќавајќи луѓе и пеејќи песна. Со песните се величи личноста, се посакува здравје на семејството и среќен живот.
На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! На овој ден се бере цвеќе, но НЕ се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.
Денешниот ден нѐ повикува подлабоко да ја доживееме тајната на тие случувања. Во се што ќе доживееме овие денови е скриена и тајната на нашето верување во Исус Христос, нашиот спасител