АктуелноОхрид

Пронајдена и одземена марихуана кај две лица од Охрид

На 07.04.2023 во 01.25 часот, на локалниот пат за охридското село Велестово, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода лице на (29)години  од Охрид и лице на (26)години од охридското село Велгошти. При контрола на патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, кај нив пронајдена и одземена е марихуана.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава