Денеска (05.04.2023) во ОВР Струга било пријавено дека во 03.30 часот во с.Октиси, струшко, настанал пожар во куќа .
Од здобиените повреди во пожарот починало лице на (84) години од с.Октиси, при што е констатирана смрт од лекар од Итна медицинска помош.
Екипа на Територијалната противпожарна единица Струга го изгаснала пожарот. Увид бил извршен.