АктуелноОхрид

Јавна покана

Согласно законските измени на Законот за даноците на имот („Сл. весник на РМ“ бр.61/04…151/21), којшто започна да се применува од 01.01.2022 година, Општина Охрид ги повикува сите физички и правни лица кои поседуваат недвижен имот на територијата на општината најдоцна до 30.04.2023 година, да го достават следното:

За сите непријавени имоти да достават даночна пријава за утврдување на данок на имот (даночната пријава може да ја преземете тука);
Поради ажурирање на базата на податоци даночните обврзници кои промениле живеалиште, да достават фотокопија од лична карта (со постојано место на живеење во општина Охрид); адресни податоци за достава на решенијата по пошта (место на живеење надвор од општина Охрид) и валидни e-mail адреси за достава на решенијата по електронски пат;
За дополнителните недвижни имоти (освен становите или куќите во кои живеат согласно лична карта), врз кои имаат сопственост, а се користат од други физички или правни лица, да достават:
договор за закуп заверен на нотар (времетраење на договорот, предмет на договорот и утврдена закупнина);
договор за послуга заверен на нотар (користење, односно плодоуживање, со тоа што послугопримачот треба да се води со адресни податоци на адресата на недвижниот имот предмет во договорот);
решение за упис во регистарот за угостителска дејност и решение за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување (решението за извршена категоризација да не е постаро од 3 години од датумот на издавање).
За земјоделските земјишта кои се користат за земјоделско производство, да достават решение за запишување на земјоделско стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства и извештај за идентификација на земјишни парцели.
Документите можат да се достават лично во Општина Охрид, преку пошта или на e-mail danocno.oddelenie@ohrid.gov.mk со прилог скенирани документи (задолжително телефонски број за контакт).

Сите дополнителни информации можете да ги најдете на официјалната страница на Општина Охрид: https://ohrid.gov.mk/