Охрид

(ФОТО)Научни истражувања во пештерите во Националниот парк Галичица

Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, во тек се комплексни научни истражувања во пештерите во Националниот парк Галичица.
???????? Експертски тим од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје спроведува спелеолошки, биоспелеолошки, петрографски и микроклиматски испитувања во пештерите на Галичица. Тимот работи на утврдување на состојбата на пештерските екосистеми и на влијанието на климатските промени врз пештерите. Целта на истражувањата е конзервација и заштита на пештерските екосистеми од негативните ефекти на климатските промени.
???? Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ го спроведуваат Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје во соработка со Национален парк Галичица.