АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Охрид остана без работна сила во угостителството

Охридските компании од сите стопански гранки ( пред се од трговијата и угостителството ) кубурат со работна сила. Во угостителските објекти непосредно пред пролетта почна да ги снемува келнерите, готвачите и рецепционерите, а во супер маркетите се чекаат редови да се плати на една каса, бидејќи нема касиерки да наплатуваат на останатите каси. Првиот бран откази во фирмите беше предизвикан од влегувањето на странските инвеститори кои во фабриките понудија далеку подобри услови почнувајќи од далеку поголеми плати, па се до почитување на работничките права на работникот, а вториот од понудата за работа во странство Каде заминаа луѓето ?

Најголем дел од персоналот обучен и способен да работи во угостителството веќе од април заминува пред се во Хрватска. Оваа држава овозможува регуларен престој на работна сила од Македонија без европски пасош ( бугарски пасош ) и најголем дел од луѓето одат од април до почеток на октомври во Хрватска, каде примаат од четири до пет пати поголеми плати од тие кои ги примаат во Македонија.

Огласи за кувари во медиумите се појавија дури и за Албанија. Луксузните хотели и ресорти во Драч кои веќе се споредуваат со оние во Анталија, почнаа да огласуваат потреба од работна сила во Македонија.

Во меѓувреме најголем дел од газдите во недостаток на знање и менаџерски искуства во областа на „Човечки ресурси“ , и со понуда и начин на функционирање кој не ја сменале од 1995 та година,  повторно се појавуваат во јавноста и за тоа што нема работници ја обвинуваат државата која „не им помагала“ нив, што до некаде се во право бидејќи државата со децении не поведе сметка да ги натера барем работничките права да ги почитуваат.

СЕ ПОЧИТУВААТ РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА, СЕ ПЛАЌА ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА, СИТЕ СЕ ОСИГУРАНИ И МОЖЕ ДА ОСТАНАТ ТРАЈНО

Во Хрватска државјаните на Македонија престојуваат легално, пријавени се, осигурни па дури им тече и стаж, а според законите, тие еден ден ќе примат остварат право на пензија од Хрватска чија висина зависи од стажот кој ќе го остварат како странци кои добиле дозвола да работат во оваа држава.

„Ако во Охрид некој се обидува среде сезона да се „сети“ дека треба да ни дава плата на рака, во Хрватска примаме плата на сметка, со платени придонеси и право на пензија. Ако работам веќе трета сезона таму, јас веќе имам скоро една година стаж, што веројатно ќе ми овозможи некој износ, мал, можеби 50 евра месечно, ама и тоа е повеќе од лажењето во Охрид, бидејќи едно се договараме во мај, а во јули газдите мистериозно почнуваат да ме одјавуваат или да не осигуруваат на пола работно време, а остатокот да ни го даваат на рака“ – вели лице од Охрид кое имало работно искуство и во Хрватска и во Охрид.

Хрватска има голем недостаток на работна сила па дозволите за престој и работа може лесно да се продолжат и вон сезона.