АктуелноОхрид

Лишени од слобода три лица од струшко поради полов напад врз малолетник

На 25.03.2023 година во ОВР Струга, лишени од слобода се лице на (57)години, од струшкото село Враништа, лице на (69)години  од селото Драслајца и 17 годишно лице од селото Мороишта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.
По целосно документирање и расветлување на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.