Вработени во Агенцијата за урпавување со имот од интерес на Р.М.“ тврдат дека во просториите на подрачната единица на ова претпријатие се одржал партиски состанок на НСДП, на кој присуствувало раководството на партијата од Скопје и членови на партијата во Охрид.
Како што тврдат тие состанокот траел се до моментот додека не се јавиле новинарите, по што веднаш се прекинало со партиската активност и се свикал состанок на вработените со раководството на фирмата од Скопје.
Ристе Булоски кој е директор на подрачната единица на „Сизот“ во Охрид и претседателот во мирување на НСДП Охрид овие тврдења ги демнатираат и велат дека немало вакво состанок.