понеделник, ноември 25, 2024
Uncategorized

Ристе Булоски: Во „СИЗ-от за становање“ нема партиски состанок на НСДП Охрид

Директорот на подрачната единица на „Агнецијата за управување со недвижен имот од значење за Република Македонија“ ( во народот попозната како „СИЗ за становање“ тврди дека во просториите на агенцијата немало состанок на раководството на НСДП Охрид.

„Дојден е директорот од Скопје, тој е од таа политичка опција, но состанок имаше со мене, а не со партијата. Јас и не знам кој е претседател на НСДП Охрид и појма немам тие што прават. “ –  изјави Булоски за „Охрид 1“ и додава дека се работи за работен состанок на генералниот директор со вработените на подружницата на т.н. „Сиз за становање“ во Охрид.

Го контактиравме и претседателот на НСДП Охрид, Благоја Грозданоски кој рече дека не знае за овој состанок и дека неговата функција е во мирување.

„Функцијата во партијата ми е во мирување, бидејќи ми истече мандатот и сега сме во фаза на реизбор внатре во партијата. Не сум присутен во „Сизот“ на состанок и не знам што се случува. Дома сум со сопругата која е советничка во Советот на Охрид и со внуката и не сум во тек со таа активност’ искоментира за „Охрид1“  Грозданоски.