АктуелноОхрид

Кривична пријава за родителите на повреденото 16 месечно бебе од Струга

Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 25 Годишна Стружанец и неговата вонбрачна сопруга 21 годишна Стружанка.

На 12.02.2023 околу 11 часот, во СВР Охрид добиена е пријава дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга. По преземени мерки констатирано е дека во домот на пријавените врз малолетникот паднал дел од мебел.

извор: СВР Охрид