АктуелноОхрид

СВР казнуваше непрописно паркирани возила – затекнале 31

На 09.03.2023 од 08.00 до 16.00 часот, при контроли во патниот сообраќај, полициските службеници во Охрид евидентирале 31 патничко возило кои биле непрописно паркирани на коловоз, како и две лица кои управувале моторно возило без да поседуваат возачка дозвола. Во Дебар, полициските службеници на вонреден технички преглед упатиле шест патнички моторни возила каде, при што кај две возила биле констатирани технички неисправности на уредот за сопирање. На возачите им се поднесени соодветни платни налози.

Извор: СВР Охрид