АктуелноОхрид

Пецаков до Костадиновска-Стојчевска: Не е проблем да не знаете, проблем е да не се информирате – утре со целосната документација на предметот ќе ја запознаам за јавноста со се!

2 работи би сакал да истакнам пред утрешното официјално пбраќање до јавноста…
‼️ од “стручњаци” и борци кои пред се се од Охрид, а доставуваат и поднесуваат извештаи,параизвештаи и идеи за Охрид и неговиот напредок, пред се во негативна конотација на Охрид и охриѓани му е смачено‼️ вели градоначалникот Кирил Пецаков, нако одговор на констатацијата на министерката за култура Костадиновска-Стојчевска која бара Општина Охрид да ја преиспита изградбата на хотелот во Лагадин.

Во објавата градоначалникот додава:

Министерке Бисера, не е проблем да не знаете, проблем е да не се информирате и да си терате ваша приказна сосема погрешна и пред се на ваша штета:
???? за овај предмет 6 години општина Охрид и градоначниците претходни, даваат негативно мислење и го одбиваат по еден основ и сите 6 години второстепената комисија на Министерство за транспорт и врски го враќа на повторно одлучување во Општина Охрид, а за оваа околу една година мандат два пати сум дал негативно мислење како градоначалник за претходно даденото одобрение за градба…
???? овој пат второстепената комисија, веројатно за ПРВ ПАТ во историја одлучува мериторно за овај предмет и го уважува одобрението за градба од 2015-16 кое било издадено во тој момент, а покрај мериторната одлука во рок од 2 недели му дава и правосилност на истото, а на нас како општина само ни стигна известувањето без да имаме можност да реагираме, затоа што основот по кој беше поништувано решението за градба сите овие години наназад го падна Министерстбото заедно со второстепената комисија и на тоа решение е потпишан вашиот колега Благој Бочварски
???? така да кога повикувате некого тогаш барем погледнете во вашите редови и ќе ви станат појасни работите, а утре со целосната документација на предметот ќе ја запознаам за јавноста, а и ќе ве потсетам како и на кој начин преку планини и мечки Заев во Охрид ветуваше решение на проблемот
Пс. Секогаш сум стоел на располагање на сите луѓе секако и на вас министерке, за да ве запознаам со материјата која ве интересира, а се однесува на Охрид , стојам и сега…
Не за друго… за да не лутате по ингеренции и надлежности, а за мене побитно за ОДГОВОРНОСТ…

Извор: ФБ Кирил Пецаков