Почитувани парохијани денес 08.03.2023 г.Среда успешно ги доставивме две од трите започнати Хумани акции,во склоп на Вранишка Парохија.
Заедно со старешината од манастирот Св.Богородица-Калишта и Вранишката Парохија доставивме донација од наши иселеници во САД во ЈУ Дом За Доенчиња и Мали Деца во Битола.Притоа морам да ви ја пренесам и благодарноста од страна на директорката Анета Талевска за несебичниот дар кој му е преку потребен на овие дечиња. Нашиот Парохиски дар(од продукти за исхрана) кој што го дониравте минатиот месец, за потребите на манастирот Св.Ѓорѓи во с.Кнежино кичевско беше примен од страна на сестра Софија која што искажа голема благодарност до сите вас со молитви за секаква благосостојба,за нашата парохија и за целото христијанско општество.Господ Бог и во иднина да ни ги умножи ваквите боагоугодни дела.Лесни и од Бога благословени пости.За многу години!Со Божји благослов отец Ристе Наумоски.