По повод интернационалниот ден на жената во Клубот на млади секоја година традиционално се подготвуваат честитки за случајни минувачи и вработените во институциите кои го празнуваат овој празник .
И оваа година за таа цел на 7 март во Црвен крст Охрид волонтерите на Црвен крст Охрид со дел од групите на деца кои ја посетуваат програмата Бреинобреин во рамките на општинската организација организираа креативна работилница .
Беа изработени околу 50 честитки во една пријатна и работна атмосфера во која децата и волонтерите се запознаа, се дружеа и се забавуваа .