АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Петкоска: Граѓаните и туристите кои доаѓаат во Охрид најдобро знаат дали навистина возат по нова автопатска делница до Охрид

Во моментов се наоѓаме на делот од 57-те километри од автопатот Кичево-Охрид за кои Димитар Ковачевски во четвртокот излажа дека се завршени.

Излеговме на терен за да се увериме како лаже Ковачевски и дали навистина се завршени 1300 км патишта коишто Премиерот гордо ги исчита на седницата за пратенички прашања во четвртокот и за кои попатно дури видовме и совршено склопен и намонтиран видеоспот.

Ако за Премиерот ова позади мене значи комплетно завршена изградба на автопатот, ако отсуството на работници и машини значат интензивирање на изградбата на оваа делница која ЌЕ беше приоритет за Владата, тогаш граѓаните и туристите кои доаѓаат во Охрид најдобро знаат дали навистина возат по нова автопатска делница до Охрид.

Да потсетиме дека СДС на власт дојде во 2017 г. со ветувањето за конкретна изградба на автопатот Кичево-Охрид, за истото ова лажно ветување повторно да го вети со програмата „Можеме“ и со програмата „План за живот во Македонија“. Во моментов имаме уште едно ново лажно ветување за конкретна реализација на автопатот Кичево-Охрид сега веќе во оваа 2023 г.

Речиси 6 години по овие лажни ветувања, завршена и пуштена за сообраќај, но под времен режим е само десната страна од делницата помеѓу Требеништа и Охрид во должина од 8,5 км.

Не гледаме работници, не гледаме машини, но треба да веруваме во лагите дека Владата вложува во патна инфраструктура која треба да значи развој на економијата и развој на македонскиот туризам.

Доволно е само да погледнете зад мене за да ја видите реалноста дека ископаните патишта и дупките остануваат и понатаму да сведочат за тоа дека Владата ниту вложува во инфраструктура, ниту пак се грижи за интензивен или било каков економски и туристички развој.

Токму затоа потребни се итни предвремени парламентарни избори на кои граѓаните оваа неспособна Влада и овие измамници ќе ги испратат во историјата и грижата за Македонија ќе ја препуштат на нова сериозна Влада која навистина знае што значи економски развој и како се постигнува економски и туристички развој во Република Македонија.

 

центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид