Почитувана охридска јавност, Со неверување ги читаме изнесените информации од страна на одреден центар за лаги каде што се вели: „Се укинати малите одмори помеѓу часовите… поради недисциплина на учениците“. Како сериозна воспитно-образовна институција го демантираме тоа затоа што такво нешто воопшто не постои и одговорно тврдиме дека таква Одлука нема, за што е доказ и денешниот наставен ден. Нема да дозволиме да се нарушува угледот на Гимназијата од страна на одреден политички центар кој не им мисли добро на учениците и бараме јавно да се извини. Препукувањата нека си ги зачуваат и искажат од советничкото место, но препорачуваме да ги тргнат рацете од децата затоа што со лагите докажуваат дека образованието за нив „tabula rasa“, се вели во демантот од Охридската гимназија на соопштението од Левица во кое партијата тврдеше дека Директорката на Охридската гимназија ги укина малите одмори.
извор: ОСУ Св. Климент Охридски