Охрид

ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ со известување, второто полугодие започнува на 23 јануари

Се известуваат сите ученици и наставници дека наставата во второто полугодие во учебната 2022/23 година ќе започне на 23.01.2023 година (понеделник) со следниот распоред на смени:
I смена во 07:30 часот II и IV година од сите струки и профили
II смена во 13:30 часот I и III година од сите струки и профили
На сите ученици и наставници им посакуваме добро здравје и успех и во второто полугодие
ОЕМУЦ Св.Наум Охридски