Во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното Наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, како и списанието Журнал за Глобални процеси од Мајами, Флорида, САД, од 18-19 јануари 2023 ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2023“.
Поради светската пандемија на КОВИД-19, оваа година конференцијата ќе се одржи хибридно со физичко присустви и on-line преку платформата ZOOM. Тематски фокус на оваа конференцијата ќе биде посветена на „Предизвиците на идентитетите, културното наследство, животната средина, одржливиот развој или туризмот поврзани со новите кризи“.
На конференцијата ќе бидат презентирани 49 презентации од 58 учесници кои доаѓаат од 11 држави.
Отворањето на конференцијата ќе биде на 18 јануари 2022, со почеток во 10.30 часот, во „Куќата на Уранија“. Конференцијата ќе ја поздрави и замник претседателот на Владата Фатмир Битиќи.