АктуелноОхрид

АППТ: Повеќе од 15000 холандски туристи се очекуваат во Охрид оваа година

На интернационалната саемска манифестација во Холандија -“Vakantiebeurs Utrecht” која се одржува од 12ти до 15ти јануари 2023 македонските туристички потенцијали во комбинација со македонски вина и храна се промовирани на првиот ден од саемот, во заедничкa организaција на АППТ и ТУИ- Холандија.
Интересот за македонскиот туристички пазар е зголемен и нашата дестинација се повеќе е застапена во програмите на туроператорите од Холандија, но и генерално во овој дел на Европа. На презентацијата покрај голем број на туроператори присуствуваше и Бети Јачева в.д амбасадорка на Северна Македонија во Холандија, како и поголем број на хотелиери и туроепратори од Охрид.

Потврдени се чартери за средината на месец мај до Охрид, по четири пати неделно, додека во висока сезона нивниот број ќе биде шест чартери неделно од Холандија и дополнително поставување на Македонија во кружните патувања. Очекувањата на ТУИ – Холандија за 2023 година се приближно 15000 туристи, што претставува најголема бројка досега. Од Велика Британија се најавени два чартера неделно од Манчестер и Лондон со кои се очекува за 2023 година дополнителна посета од 5000 до 6000 туристи од ТУИ – Обединето Кралство.
Очекуваме во 2023 година да ги надминеме бројките од 2019 година од Холанскиот пазар по бројот на туристи и остварени ноќевања како и значителен скок од другите пазари, кои ќе овозможат постигнување на зацртаната цел од 3,2 милиони ноќевања и повеќе од 460 милиони долари туристички промет. Ова претставува уште еден доказ дека туристичката индустрија во нашата земја има огромни потенцијали за раст и нејзино сериозно учество во македонската економија.

Новата реалност во туристичката индустрија овозможи зголемен фокус на активните форми на туристичка понуда, eно-гастро концептот, eко-туризам и генерално руралниот туризам што преставува предност на нашата дестинација, која има идеални услови и можности за развој и промоција на овие туристички содржини.