Бидејќи нема капацитет Општина Струга за отворање на Центар за згрижување на улични кучиња, и за да не се случуваат немили настани во кои граѓаните решавањето на овој проблем и грижата за нивната безбедност ја земаат во свои раце, поднесов амандман во предлог буџетот за 2023 година кој беше одбиен од страна на парламентарното мнозинство составено од СДСМ и ДУИ.
Очигледно е дека решавањето на овој проблем ќе почека на подобри времиња, затоа што локалната власт нема капацитет, централната власт нема интерес.
Дотогаш граѓаните на Струга и туристите што ќе ја посетуваат нека се снаоѓаат како знаат и умеат, напиша на својот ФБ профил , Мирче Аџиоски-Пратеник во Собрание на Република Македонија од ВМРО ДПМНЕ.
извор: ФБ Мирче Аџиоски-Пратеник во Собрание на Република Македонија