Охрид

Распишан конкурс за најдобра беседа на тема „Прличев и ние“

Охридската библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распиша конкурс за избор на најдобра беседа посветена на патронот, големиот поет и преродбеник Григор Прличев на тема „Прличев и ние“.

Конкурсот е во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ и отворен е до 25 јануари 2023 година.

– Можат да се пријават сите млади од општините Охрид и Дебрца од 15 до 30 годишна возраст. Беседата на тема „Прличев и ние“ не смее да биде поголема од 3.000 зборови и треба да е напишана во фонтот „ariel 12“. Беседите не смеат да имаат во себе политичка, етничка и верска содржина, туку треба да носат универзална порака за мир, љубов, соработка…, стои во конкурсот од Библиотеката.

Комисија, како што е наведено, ќе ја оценува нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина.

– Беседите до Комисијата се испраќаат исклучиво под шифра и авторот треба да ја наведе само возраста. Во интерес на времето конкурсните трудови – беседи, авторите треба да ги достават на следната е – адреса: konkurszanajdobrabeseda@gmail.com, стои во конкурсот.

Шифрите на трите наградени беседи ќе бидат објавени најдоцна до 2 февруари, 2023 на веб страницата на Библиотеката.