Охрид

Авион кој требало да слета во Охрид, пренасочен во Тирана?

Маглата беше причина поради која ноќеска и утрово десетина лета од Скопскиот аеродром беа одложени па патниците со доцнење од неколку часа полетаа или слетаа на аеродромската писта а некои беа и пренасочени. Од ТАВ соопштија дека поради маглата се откажани 9, а пренасочени 4 летови, за сите патници е организиран превоз и хотелско сместување.

“Од 20 часот на први јануари до 9 часот наутро, денеска на втори јануари 2023 година, 9 лета беа откажани, а 4 лета беа пренасочени, поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина.
Согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираа превоз и хотелско сместување на патниците од овие летови. За сите натамошни информации во врска со откажаните летови, ги упатуваме патниците да се обратат кај својата авиокомпанија.
Од 9 часот натаму, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се одвива по регуларниот распоред и до 17 часот не очекуваме нарушувања.
Ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница: skp.airports.com.mk, во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања), каде што евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време, како што ги добиваме информациите во нашите системи.
Доколку им се потребни дополнителни информации, можат да се јават на шалтерот за информации, кој работи 24/7, на телефонскиот број +389 2 3148 333, “, се вели во официјалното соопштение од ТАВ.

Но, очигледно проблем има и на Охридскиот аеродром. Магла има и во Охрид, а на фотографии кои до нас пристигнаа од наши читатели се гледа дека авион кој требало да слета во Охрид е пренасочен на аеродромот во Тирана.

фото: Читатели Охрид 1

ПОВРЗАНИ ВИДЕА

https://www.youtube.com/watch?v=jqRcKJK9CkE&list=PLwGcp8Qjko-1Tws_SOD7nOQ2fOBQ9NiPP