среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Охрид ќе има дочек за Нова Година како што заслужува, градоначалникот ја објави програмата

Најголемиот туристички центар во државава ќе има дочек за Нова Година како што заслужува. Новогодишната програма започнува на 31 декември. На градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ точно напладне ќе настапи хорот при КУД „Гердан“ ,а од 13 до 15 часот на истата сцена ќе се одржи новогодишната театарска претстава „Дружината на Дедо Мраз“ и мјузиклот „Трите прасиња“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Вечерта со почеток во 20:00 часот на плоштадот ќе настапат естрадните уметници Петар Нечески, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и Диџеите Багзи и Јана Slayy. Со овие наши ѕвезди и живи легенди ќе ја дочекаме и ќе си посакаме среќна 2023 година
Новогодишната програма во Охрид продолжува на 1-ви јануари точно напладне со настап на Марија Савеска и групата „Камелеон“ на градскиот плоштад. Очекувам интерес да привлече проектот „И повторно Евергрин“ кој ќе го изведат Лидија Кочоска – Вокал, Влатко Груевски – Вокал и Андреа Наунов – Пијано и Вокал.

Очекуваме бројни туристи од земјава и странство и она што можам да ветам е весел и незаборавен дочек за 2023 година на градскиот плоштад во Охрид. Ги поканувам сите сограѓани и добро намерници да бидат дел од оваа убава новогодишна забава во нашиот прекрасен град.
За Новогодишните празници од буџетот на општината се издвоени околу 2 милиони денари.
Општината исто така ќе се погрижи и за организација на забавниот дел за Богојавленските празници. Она што во моментов е потврдено е дека по чинот на осветувањето и фрлањето на светиот крст во езерските води на 19-ти јануари на плоштадот Св. Климент Охридски ќе настапи групата Чалгија SOUND SYSTEM. За останатите детали околу Богојавленските празнувања ќе бидете информирани дополнително по одржување на состанокот на Координативното тело кое се организира за оваа најмасовна црковно – културна манифестација во земјава.

И за овој зимски празник очекуваме бројни туристи од земјава и странство и упатуваме отворена покана до сите да бидат дел од овој прекрасен настан.

Извор: ФБ Кирил Пецаков