АктуелноОхрид

Отворена канцеларија на Советот на потрошувачи на Општина Охрид

Општина Охрид донесе Програма за заштита на потрошувачите за 2022-2023 година и со тоа Локалната власт директно приднесува во унапредувањето на заштитата на потрошувачите и потрошувачката политика.
Општина Охрид за првпат ќе овозможи заштита на потрошувачите преку директен контакт со нив овозможувајќи бесплатни советувања на потрошувачите двапати неделно во вторник и четврток од 10 до 14 часот, напиша на својот ФБ профил координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

Во објавата Божиновски додава:

Колку потрошувачите стекнуваат поголеми знаења за да направат правилен избор, толку е поголемо влијанието што можат да го имаат врз економските перформанси, преку помагање во развој на конкуренцијата и бизнисот, како и во стимулирање на растот на економијата.
Зајакнувањето на позицијата на потрошувачите и ефикасната заштита на нивната сигурност и нивните економски интереси, дигитализацијата, енергетската ефикасност, климатските промени, активностите за рамноправна застапеност и подобрување на положбата на потрошувачите жени и мажи и одржливата потрошувачка претставуваат клучна цел во Програмата за заштита на потрошувачите на Охрид.​​
Да се подобри заштитата на потрошувачите во Охрид не е само прашање за унапредување на правата на потрошувачите, туку тоа претпоставува и изградба на такво опкружување што помага потрошувачите да ги користат своите права, да имаат пристап до информации и советување, да ги препознаваат основните стандарди за безбедност на производите и нечесните практики на пазарот.

Извор: ФБ Перчо Божиновски