АктуелноОхрид

Бадниковата поворка годинава ќе ја има и во Струга

И во Струга оваа година ќе се одржи традиционалната Бадникова поворка, која беше прекината изминатите две години поради панемијата.

Како што информираат од организацијата Бадниковата поворка ќе се одржи на 6 јануари , при што се замолуваат сите деца да дојдат во што поголем број. Во недела на 18 декември во 11 часот во храмот Св.Ѓорѓи да дојдат сите дечиња кои сакаат да бидат дел од поворката, за да се одржи првата проба за пеење на песничката „Вечниот Бог“ , вели Лидија Николовска организатор на поворката во Струга.