АктуелноОхрид

Ламбе Арнаудов: Есенцијалноста на големата слика на ВМРО-ДПМНЕ

Колумна на Ламбе Арнаудов за Republika.mk.

Ништо не е завршено, додека не се заврши како треба,

КИПЛИНГ

Почитувани, браќа и сестри ВМРОВЦИ И ВМРОВКИ!

Немој да дозволите маршот на историјата, сигурно за ВМРО-ДПМНЕ победнички, да ве заобиколи или прегази и од тебе да направи музејски безначаен експонат, едвај препознатлив, туку ПРИДРУЖИ СЕ и биди АКТЕР и учесник во создавањето на новата историја и среќна иднина на твојот народ и татковина.

Само заедно, обединети еден до друг, чесно, храбро, решително и истрајно ќе се пронајдеш и САМ во оваа света борба. Сега е прилика да се покажеш и пред пријателите и пред непријателите. Служи се со разумот свој, но и слушај го твоето срце.

Не ти требаат пари да го купиш, не се потребни жртви, нема потреба од отворање на тајни врати, не барај го кај други, обрати се искрено сам кон себе и ќе го најдеш.

Исправени сме можеби пред најголемиот предизвик што се исправил пред македонскиот народ.

Многу скоро следува период кога маршот на историјата ќе прерасне во спринт на историјата.

Спринтот на историјата е најбрза трка и само еден чекор или секунда задоцнување ќе те исфрли и ќе останеш без пласман. А, знаеш тоа што значи кога се во прашање твојот народ и татковината.

Ова не се Олимписки игри или светски и европски првенства за после 2 или 4 години да одиш на поправен. Тоа во вакви натпревари го нема.

ИЛИ ЌЕ ЈА ПИШУВАШ ИСТОРИЈАТА

ИЛИ ИСТОРИЈАТА ЌЕ ТЕ ИЗБРИШИ

На скорешните парламентарни избори, благодарејќи на сите институции на ПАРТИЈАТА но секако најмногу и во прв план на ГОЛЕМАТА СЛИКА НА ВМРО-ДПМНЕ, нашиот лидер ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, влегуваме како големи фаворити со што ќе ја оствариме најголемата и најубедлива ПОБЕДА, толку неопходна.

Зошто споменувам ГОЛЕМА СЛИКА?

Во секое организирано општество, во секој сегмент од неговото организирано дејствување ГОЛЕМАТА СЛИКА не е само метафора туку реална организирана движечка личност која не води напред и на која се верува.

Со ГОЛЕМАТА СЛИКА на врвот се дружиме и сите, некои со малу помали слики, некои малу повеќе, но сите сме тука и сите заедно ќе се чувствуваме убаво затоа што сме биле дел од сега “историското матурско“ ТАБЛО каде што ќе престанеме да бидеме деца ами возрасни мажи и жени кои детските соништа ќе ги заменат со обврски и одговорност што ќе ги преземеме и успешно ќе ги реализираме за радост на сите.

Но, ова исто “матурско табло“ не е обично, стандардно туку нешто сосема поинакво и многу позначајно и безвремено вредно.

ГОЛЕМАТА СЛИКА историското матурско табло го презеде во моментот кога тоа беше издишан балон со само неколку матуранти, едвам видливо.

Почна со полна плуќа да дува, да се шири и расте, сликите, некои поголеми, некои помали, се множеа и растеа. Но, колку балонот беше поголем и сите слики и сите слики наши таму залепени, растеа. Растевме сите заедно. Никој не е изоставен, никој не е заборавен и никој не се намалува или останува исто голем, туку секој расте.

Затоа Ве повикувам драги браќа и сестри, сите заедно, да дуваме и заеднички да го шириме тој балон, нашиот дом во кој што сите растеме и само растеме.

Нека се шири нашиот балон ВМРОВСКИ како што се шири и расте космосот, оти твојата борба за твојата МАКЕДОНИЈА има космички димензии прелеани во чувствата на секој од нас, и радост и љубов, лојалност и патриотизам, сигурност и светла иднина што пак ќе заменат јадот, очајот, предавствата кои пак ќе им ги оставиме на жигосаните што никогаш нема да се ослободат од нив.

Сега нешто и за вас, избраните функционери, градоначалници, советници, директори. Го осветливте образот на ПАРТИЈАТА ставајќи ја сета своја енергија и интелектуален капацитет во подобрување на животот на граѓаните. Ставивте печат, оставивте белег со кој партијата се гордее. Долго време можеби и никогаш досега во историјата на независна Република МАКЕДОНИЈА немало ваков ПРЕСВРТ во позитивна насока и остварување предизборните ветувања со надминување на ветеното за 300%, 400% и повеќе.

Денес не се бројат градоначалниците според името на градот, ами градовите се препознаваат по градоначаникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие градови со наши градоначалници се украс на љубов, знаење, умеење но и исполнување на одговорност.

Симнувам капа, потклекнувам и се поклонувам за сé што направивте за граѓаните, за градот, за Македонија, но и за афирмација на ВМРО-ДПМНЕ – посветено, неуморно во исполнувањето на обврските и предизвиците, над сите очекувања и докажавте она што постојано го тврдиме, дека не сме ИСТИ туку сме различни, дијаметрално, тие се ЛОШИТЕ, ние сме ДОБРИТЕ.

На крај. Од името мое и ветераните на ВМРО-ДПМНЕ да ВИ се заблагодарам за сé, за стореното да признам со огромна радост во срцето, дека и во многу нешта нéнадминавте и како такви вредни, достојни, извршни со уште поголем жар и елан заедно со нас ВЕТЕРАНИТЕ да ја добиеме оваа судбоносна битка и да ја оствариме нашата заедничка света цел. Да ја заокружиме еднаш за секогаш државноста на Република Македонија, да ги одбраниме но и затвориме сите историски, јазични и идентитетски прашања за на век и никому повеќе да не му падне на ум да задира во светоста на нашиот недопрен и никогаш извалкан ИДЕАЛ.

Инсистирам во овие пресудни историски моменти нашиот заеднички космички балон предводен од ГОЛЕМАТА СЛИКА никој да не посегнува, колку и да е незадоволен, бесен или гневен на некого со право или не, да го дупне а и сликата до него, пред него, зад или пред. Нема да ја задоволиш својата суета, ниту ќе заработиш некаква сатисфакција. Заедно сите ќе страдаме ако балонот наш заеднички се издише. Сите ќе се смалиме, нашите слики ќе бидат мемории до непрепознатливост без оглед колкава е мојата, твојата или нечија слика.

Сите ќе сме НИШТО.

Затоа никој нека не се обидува плуќата на ВМРО-ДПМНЕ е многу голема, полна со кислород и балонот МАКЕДОНИЈА постојано ќе биде поголем и поголем и со нови, од ден на ден, со поголеми слики и никогаш издишан.

ГОЛЕМАТА СЛИКА сите нé направи големи слики.

Никогаш не завидувај на еднаквата, поголемата, особено не на ГОЛЕМАТА СЛИКА. Следи ја и расти со неа, со неа растеш ти, твоето семејство, комшијата, пријателите, роднините, расте македонскиот народ, расте МАКЕДОНИЈА.

Само така и никако поинаку се станува

Г О Л Е М А С Л И К А

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

извор: Republika.mk.