недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) На ФТУ едукативна работилница на тема “Јакнењето на интегритетот-клучен фактор во борбата против корупцијата”

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата-9 декември, на Факултетот за туризам и угостителство-Охрид се одржа едукативна работилница на тема “Јакнењето на интегритетот-клучен фактор во борбата против корупцијата”. На работилницата учествуваа повеќе од 50 студенти од сите студиски години на насоката Царина и шпедиција. Студентите ја покажаа својата креативност на темата и ги пренесоа сопствените идеи и пораки преку подготовка на презентации и постери.


“Корупцијата е широко навлезена во голем број сектори и голем број професии се перципирани како високо-корумпирани. Она што загрижува е фактот што од 2001год. до 2021 год. забележано е континуирано зголемување на перцепцијата за корумпираноста на судиите, јавните обвинители и царинските службеници. Јакнењето на интегритетот како позитивна лична и општествена вредност претставува пат до успех во борбата против корупцијата.”-истакна проф. д-р Данијела Милошоска, раководител на насоката Царина и шпедиција на ФТУ-Охрид.


Деканката на ФТУ-Охрид проф. д-р Снежана Дичевска укажа дека студентите на ФТУ-Охрид покрај формалното образование кое се реализира преку наставно-образовниот процес предвиден со наставните програми, имаат можност да бидат вклучени и во процесот на неформално образование со цел да ги надополнат и доизградат знаењата кои ги стекнале и да се запознаат со новините во нивните струки.

фото: ФТУ