петок, ноември 8, 2024
АктуелноОхрид

Доделени 216 хуманитарни пакети на охридските пензионери во 2022година

Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца согласно програмата за работа и одлуката за измена и дополна на финансискиот план за 2022г по предлог на ИО се изврши пренамена и се зголемија паричните средства за ставката за хуманитарна помош за пензионери во финансискиот план за 2022г.

ЗП Охрид и Дебарца во 2022 год го прифати и во целост се вклучи во реализација на проектот од СЗПМ „рурален пензионер“.

Имено, во името на хуманоста и солидарноста на пензионерите од ЗП Охрид и Дебарца по претходно утврдени услови и критериуми со одлука на ИО се додели еднократна хумана материјална помош во пакети а која се состои од прехрамбени и хигиенски производина 216 пензионери кои се болни, изнемоштени и приматели на помали пензии во вкупен износ од околу 300 000 ден.

Сакаме да потенцираме дека над 140 пакети со хуманитарна помош им беа доделени на нашите пензионери кои живеат во руралните средини во општина Охрид и Дебарца на кои делува ЗП Охрид и Дебарца со што нашето здружение се вклучи во реализација на проектот рурален пензионер 2022.

Хумантарната помош во пакери им беше однесена во домовите на пензионерите од страна на претседателите и другите активисти од месните ограноци на ЗП.

На чинот на доделување на помошта беа остварени лични контакти со пензионерите кои беа информирани за актуелната состојба и функционирањето на нашето ЗП и СЗПМ  а имаше прашања од личен интерес потоа за растот на пензиите, здравствение услуги , цената на лекарствата и друго.

Ваквиот начин на достава на хуманитарната помош ја одобрија и пофалија пензионерите кои беа посетени од нашите активисти.

 

ЗП Охрид и Дебарца