АктуелноОхрид

Денес се празнува Осветување на црквата на свети Георгиј во Киев

На овој ден се празнува осветувањето на црквата посветена на свети Георгиј Победоносец во Киев. Кај руските кнезови, почнувајќи од рамноапостолниот кнез Владимир, постоел благочестив обичај да основаат цркви во чест на своите ангели чувари, т.е. на светителите чии имиња ги носеле. Така, рамноапостолниот Владимир, во светото Крштение Василиј, изградил во Киев и Вишегород цркви во чест на светиот Василиј Велики; кнезот Изјаслав Први (1054 – 1068), во светото Крштение Димитриј, изградил во Киев храм и манастир во името на светиот великомаченик Димитриј; кнезот Јарослав Мудри (1019 – 1054), во светото Крштение Георгиј, положил темели на црквата и на машкиот манастир во чест на својот светител закрилник, светиот Георгиј, а исто така изградил храм и во името на маченичката Ирина, закрилница на неговата сопруга. Црквата во чест на светиот великомаченик Георгиј се наоѓала пред вратите на Света Софија (Киевска), на неговата изградба кнезот Јарослав потрошил многу средства, а во изградбата на храмот учествувале голем број градители. На 26 ноември црквата била осветена од страна на светиот Иларион, Митрополитот Киевски (се слави на 21 октомври), и било востановено секоја година да се празнува овој голем настан.

denovi.mk