АктуелноОхрид

Inside и „Охриѓани“ креираа картичка „Охриѓанка“ за купување со попусти за своите охриѓани

Охридската компанија Inside, во соработка со Facebook заедницата „Охриѓани“ креираа картичка наречена „Охриѓанка“, со која охриѓани во објекти кои ќе ја поддржат иницијативата во градот, ќе можат да купуваат со попусти.

– Секој охриѓанец, кој ќе ја купи картичката, ќе може да ги користи попустите во бутици, туристички агенции, фитнес центри, продавници за обувки, козметички салони, парфимерии, ресторани, кафе барови и други објекти, кои ќе ја поддржат иницијативата. Целта ни е и во текот на зимските месеци да се раздвижи економијата во градот, а на лето кога ќе се зголемат цените за туристите, за охриѓани да останат исти, информираат од Inside.

Во просториите на компанијата вчера се одржа свечена промоција на картичката.

Одговорните, кои стојат зад проектот, потенцираат дека истиот има и хумана димензија, односно дел од приходот ќе биде наменет за хуманитарни цели во Охрид.

извор: Inside
фото: Inside